logo
logo
logo

СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ добија мерки за претпазливост за пожарот во Кочани

Vecer | 16.04.2025

СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ добија мерки за претпазливост за пожарот во Кочани

Обвинителството соопшти дека на негов предлог, укинат е притворот за сите полициски службеници осомничени за трагедијата во Кочани.

Во денешната постапка, на предлог на јавниот обвинител на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост и тоа: одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиште, повремено јавување на службено лице во судот, забрана за комуникација со останатите осомничени и забрана за вршење дејности на работното место кои се поврзани со предметното кривично дело, судијата го прифати предлогот и на петмина им ги определи погоренаведените мерки, додека на еден осомничен (пензионер) му определи мерка забрана за комуникација со останатите осомничени бидејќи останатите три мерки за ова лице се активни во предмет од 2019 година.

„Воедно, на предлог на обвинителот, со оглед дека истекува притворот за осомничените опфатени со претходната истрага, тој е укинат и ним им се изречени истите мерки на претпазливост. Мерката забрана за вршење професија е изречена во зависност од тоа дали осомничените се уште се во работен однос или во пензија“, велат од Обвинителството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk