logo
logo
logo

Од СДСМ да се извинат и да ги повикаат на одговорност Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Vecer | 09.09.2025

Од СДСМ да се извинат и да ги повикаат на одговорност Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Од СДСМ признаа дека прислушувале и следеле преку АНБ и АР, и сега наместо да се извинат, пред сè, лажат и манипулираат.

– СДСМ најпрвин треба да се извини за 5 години следење на претседателот Христјан Мицкоски, новинари и на бизнисмени, кои заедно со нивните семејства биле под константна присмотра на службите. Откако ќе се извинат, треба да ги повикаат Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски на одговорност. Наместо тоа, гледаме како СДСМ од петни жили ги штити сите кои ги злоупотребувале институциите, затоа што очигледно работеле по партиска задача – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Јавното обвинителство не смее со денови да молчи и да не презема никаква акција, додаде тој.

– Загрозена била приватноста на голем број луѓе цели 5 години. Службите влегле во нивните животи, со цел да го забават падот на СДСМ од власт и нивно што подолго одржување, а со цел распродажба на државните интереси и правење криминал. Доколку ЈО и обвинителот Коцевски останат нем набљудувач, треба да знаат дека тоа нема долго да трае и дека и тие ќе одговараат – рече Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk