logo
logo
logo

Од утре можете да корeгирате податоци за возилата на „СЕЈФ СИТИ“ ШАЛТЕР ВО ЗГРАДАТА НА МТВ

Vecer | 16.12.2025

Од утре можете да корeгирате податоци за возилата на „СЕЈФ СИТИ“ ШАЛТЕР ВО ЗГРАДАТА НА МТВ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од утре, 17 декември 2025, граѓаните ќе можат да поднесуваат барања за промена на контакт-податоците поврзани со регистрацијата на нивните возила. Постапката ќе се врши на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи во зградата на МТВ во Скопје, секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот.

Граѓаните ќе можат да ги коригираат податоците во случај на промена или доколку добиле известување со неточни информации. Промените ќе можат да се извршат и низ станиците за технички преглед во државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Воедно, МВР отвори и електронски канал за комуникација. На е-маил адресата [email protected], граѓаните ќе можат да испраќаат забелешки, нејаснотии и прашања поврзани со функционирањето на системот „Безбеден град“.

„Сите пристигнати електронски пораки ќе бидат евидентирани и разгледани според утврдените процедури, со цел унапредување на системот и подобра комуникација со јавноста“, велат од министерството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk