logo
logo
logo

Македонија ова не смее да си го дозволи, ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО ИСЧЕЗНУВА, СЕ ЗНАЕ И ДО КОГА

Vecer | 31.05.2025

Македонија ова не смее да си го дозволи, ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО ИСЧЕЗНУВА, СЕ ЗНАЕ И ДО КОГА

Научниците со црни сценарија за Преспанското езеро, доколку веднаш не се превземат мерки, второто по големина природно езеро во Македонија буквално ќе го снема-ќе изчезне пред крајот на 21 век, односно за помалку од 40-тина години.Овие поразителни предвидувања на науката доаѓаат по најновите истражувања кои говорат дека споредено со претходните 12 месеци,нивото на Преспанско е намалено за 55 сантиметри односно за цели 120 милиони кубни метри,што е повеќе од двојно од годишниот просек кога се губеле по 50 до 54 милиони кубни метри вода.

“Ако направиме некаква средна вредност ако го пресметаме просекот кој што езерото го губело меѓу 1985 и 1995 тоа е критичниот период кога навистина многу се намали и во тој период опадна 5 метри, сега сме полошо од тоа.Tрендот на губење на вода конкретно оваа и минатата година е многу полош отколку трендот во тие црни години.Tака да ако не чека топло лето како што наjверојатно ќе биде, ситуацијата веројатно ќе биде многу пострашна,тоа се нашите најцрни предвидувања”-вели д-р Надежда Апостолова-универзитетски професор во Валенсија

Според мерењата на УХМР,езерото иминативе две години стагнираше и во перид кога тоа обично се полни барем за 40-тина сантиметри од ноември до мај.Климатските промени, неповолната хидролошка состојба, испумпувањето на Преспанското езеро кон Охридското преку кастните канали под Галичица се дел од факторите за намалување на водостојот.Сепак главната причина за ваквата апокалиптична состојба,е човекот.Во услови кога пресушуваат дел од реките кои го полнат езерото,водата неконтролирано се користи за наводнување во трите дражави кои го делат:Македонија, Албанија и Грција.Не смееме да стоиме со скрстени раце, еден од начините за спас на Преспанско е да се донесе вода-вели професор Апостолова

“ Не е невозможно само е доста потешко, требаат многу финансии, се бараат големи стручњаци кои теба да го смислат,меѓутоа не го сметам за неизводливо.Oсобено не се сложувам со луѓе кои што велат ,па како ќе донесем вода од некој друг слив.Па што е важно во случајов ние треба да го спасиме езерото. Во случајот немаме некои реки што можеме да ги пренасочиме, мора таа вода да биде од Вардарскиот слив или од каде ќе оди тоа треба да се види”- вели проф. др Апостолова

Друг излез за спас на Преспанско е затварање на барем половина од подводните понори во заливот во Албанија во близината на долна Горица и Пустец,но под услов да нема понатамошно намалување на врнежите и зголемување на испарувањето,како резултат на глобалното затоплување.Во спротивно со никава интервеција не би можеле да го соприме пресушувањето,но мора да се направат обиди Преспанско да не ја доживее судбината на десетици езера во светот,кои се во фаза на исчезнување. Сегашната состојба е многу загрижувачка затоа што од 1963 година, езерото изгубило 60 % од својот волумен,а квалитетот на водата е се полош .

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk