logo
logo
logo

ОДИХР со 14 набљудувачи од денеска почнува со следењето на локалните избори

Vecer | 05.09.2025

ОДИХР со 14 набљудувачи од денеска почнува со следењето на локалните избори

Четиринаест набљудувачи на мисијата ОДИХР ќе ги следат Локалните избори 2025 година. Нивните барања за акредитации за набљудување на Локалните избори едногласно ги усвоија членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 133 седница. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко рече дека официјално денеска ќе ја имаат и првата средба со претставниците на набљудувачката мисија ОДИХР, со што и официјално почнуваат со нивната работа.

– Ја известуваме јавноста дека од утре официјално ќе имаме средба со претставниците на набљудувачката мисија ОДИХР и од денеска почнува нивната работа и официјалното набљудување на изборите. Тие ќе бидат во постојана комуникација за сите потребни појаснувања до Државната изборна комисија и ќе бидат присутни на сите наши отворени јавни седници. Така што во таа насока ги усвојуваме првите нивни барања за акредитација на набљудувачи. Едното барање е за шест лица, другото барање е за осум лица, рече Кондарко.

Членовите на ДИК едногласно ги усвоија и измените, дополнувањата на решение за измена на регистер на радиодифузери, печатени и електронски медиуми, интернет портали за локалните избори. На денешната 133 седница на ДИК се разгледуваа и 34 барања за иземање на претседатели, заменици претседатели и членови на Општинските изборни комисии, а воедно на нивни места беа избрани нови претседатели, заменици претседатели и членови во Општинските изборни комисии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk