logo
logo
logo

МАРИХУАНАТА ДА ЗАВРШИ НА ЦРНИОТ ПАЗАР: Дали по насока на Заев и Филипче е донесен Правилникот за медицински канабис

Vecer | 12.02.2026

МАРИХУАНАТА ДА ЗАВРШИ НА ЦРНИОТ ПАЗАР: Дали по насока на Заев и Филипче е донесен Правилникот за медицински канабис

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе обвинувања на сметка на претходното раководство на СДСМ, тврдејќи дека во 2023 година бил донесен нелегален Правилник за медицински канабис. Според Петрушевски, со овој акт свесно било дозволено одгледување марихуана на отворен простор, иако законот предвидува производство исклучиво во затворени простории.

Петрушевски директно ги посочи Зоран Заев и Венко Филипче како инспиратори на овие измени.

„Вака произведениот канабис на нива не ги задоволува медицинските норми и не може да се користи за лекување. Сомнежите се дека овие измени се направени со умисла за марихуаната да заврши на црниот пазар. Дали поради ова е паниката кај Заев и Филипче и нивната итна координација во Грција?“, праша Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk