Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски објави видео од градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар, проект кој е клучен за заокружување на автопатското решение на Коридорот 8.
Во објавата на својот Фејсбук профил, Николоски истакна дека работата на терен се одвива со силно темпо.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша Николоски, додавајќи го и видеото од тековните активности.
Изградбата на делницата е дел од една од најзначајните инфраструктурни инвестиции во државава, со цел подобрување на протокот на сообраќај, побрзи врски меѓу регионите и поголема безбедност на патиштата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата