logo
logo
logo

4.300 биле за брзо возење, „СЕЈФ СИТИ“ СНИМИЛ 4.490 ПРЕКРШОЦИ МИНАТАТА НЕДЕЛА

Vecer | 16.02.2026

4.300 биле за брзо возење, „СЕЈФ СИТИ“ СНИМИЛ 4.490 ПРЕКРШОЦИ МИНАТАТА НЕДЕЛА

Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026 системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирал вкупно 4.490 прекршоци, што е за 10% помалку во споредба со првата седмица во февруари кога биле регистрирани 4.991 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од вкупниот број регистрирани прекршоци најголем број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.297, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 33, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 160 прекршоци.

Изречени се вкупно 148 мерки „забрана за управување со возило“, чиј број бележи намалување од 48,6% во однос на минатата седмица. Од забраните 33 се за минување на црвено светло, а 115 се за брзо возење. Од нив 99 се за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 12 за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило и 4 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта – велат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk