logo
logo
logo

КОЛКУ ЌЕ БИДЕ ДАНОКОТ ЗА НОВИ СТАНОВИ? Министерката даде одговор

Vecer | 24.11.2025

КОЛКУ ЌЕ БИДЕ ДАНОКОТ ЗА НОВИ СТАНОВИ? Министерката даде одговор

„Пред еден месец го изнесовме нашиот став, но беше потребно да се извршат дополнителни анализи и пазарни испитувања, не само во Македонија, туку и споредбено со другите земји. Врз основа на тие резултати, предложивме стапката од 5% да остане и натаму. Исто така ние сме во постапка на измена и дополнувања на целиот Закон за ДДВ каде што ќе предложиме одредени модалитети кои ќе се применуваат во иднина “, истакна министерката во гостување на ТВ 24.

Таа потенцира дека во моментот не постојат услови за примена на повисока стапка, особено имајќи предвид дека дел од граѓаните веќе имаат платено авансни средства додека објектите се во градба.

За да не биде оштетен ниту еден граѓанин, потребна е целосна и јасно утврдена постапка. Сега во моментот нема можност за такво нешто и затоа предложивме да продолжи да важи тој член кој вели дека повластената стапка од 5% ќе остане и понатаму “, појасни Димитриеска-Кочоска.

Министерката додаде дека и во земјите со повисоки генерални стапки на ДДВ, даночното третирање на становите е пониско. При тоа, наведувајќи дека во Словенија, на пример, редовната стапка на ДДВ за станови е 9,5 отсто.

Паралелно, како што најави министерката Димитриеска-Кочоска во Министерството за финансии се работи на сеопфатни законски измени во даночната регулатива, но дека нема да има промена на даночните стапки.

Ги отвораме законите еден по еден. Прво данокот на добивка и персоналниот данок, а понатаму ќе бидат опфатени и останатите сегменти. Директивите ќе бидат наш приоритет врз основа на кои ќе ги усогласуваме законските измени. Во овој момент нема да има промена на даночните стапки“, истакна министерката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk