logo
logo
logo

НИКАКО ПАМЕТ ДА ДОЈДЕ - 2.228 КАЗНИ САМО ВИКЕНДОВ, од нив 718 возеле пребрзо, 106 пијани, 215 без возачка, еве за другите

Vecer | 24.02.2025

НИКАКО ПАМЕТ ДА ДОЈДЕ - 2.228 КАЗНИ САМО ВИКЕНДОВ, од нив 718 возеле пребрзо, 106 пијани, 215 без возачка, еве за другите

Изминатиов викенд евидентирани 718 прекршоци за прекорачување на брзината на движење

Во текот на последниот викенд од овој месец, според бројките од полициските сообраќајни контроли на ниво на целата држава, се чини дека како по некое непишано правило за учесниците во сообраќајот значи своевидно опуштање во поглед на почитувањето на сообраќајните правила и прописи, велат од МВР.

Па така, во рамки на извршените сообраќајни прегледи (21/22/23.02), од 2.228 издадени платни налози дури 718 прекршоци се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење, 106 – за возење во алкохолизирана состојба, како и 215 прекршоци што се однесуваат на управување без возачка дозвола.

Исто така, зради непочитување на одредбите околу задолжителното користење на сигурносен појас евидентирани се 171 прекршок, плус 12 прекршоци за граѓани кои што управувале моторцикли без заштитен шлем, а за користење на мобилен тлефон при возење изречени биле 45 прекршочни казни.

Воедно, (компаративно гледано во споредба со минатиот викенд) има благ пад по однос на прекршоците поврзани со неправилно паркирање – 451, додека пак регистрирани се 15 случаи на минување на црвено и 28 прекршоци од страна на пешаци, а согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk