logo
logo
logo

Коалицијата ВРЕДИ: Политичката платформа НАИ „веќе не постои“

Vecer | 15.11.2025

Коалицијата ВРЕДИ: Политичката платформа НАИ „веќе не постои“

Коалицијата ВРЕДИ денеска реагираше на случувањата на албанската политичка сцена, оценувајќи ги како „колапс на зграда изградена со измама, импровизација и игри зад грбот на граѓаните“.

Во соопштението, ВРЕДИ посочува дека повлекувањето на Кренар Љога, заминувањето на Мендух Тачи, паниката во ДУИ и молчењето на Ахмети – Таравари – Села веќе осум дена, покажува дека политичката платформа НАИ „веќе не постои“.

„Згасна, се раствори и остана само како сенка од себе“, велат од коалицијата.

Тие додаваат дека оние што некогаш се претставуваа како спасители на Албанците, денес немаат храброст да дадат ниту изјава. „Нивното молчење не е тактика, туку капитулација“, наведуваат од ВРЕДИ, додавајќи дека обидот на ДУИ да „продаде реформа“ со Блерим Беџети е неуспешен, бидејќи граѓаните се уморни од „старо пакување со нова хартија“.

Во соопштението се истакнува:

„Падот на НАИ е најголемиот доказ дека 20-годишната кула на измама се урива камен по камен. Албанскиот народ повеќе не прифаќа игри. Тие повеќе не прифаќаат етикети, навреди и закани. Албанците на нивниот „референдум“ го запечатија конечното ослободување.“

ВРЕДИ нагласува дека нивната коалиција е „силна, обединета и со целосен легитимитет“ и дека „тоа е крај на лагите и почеток на вистинска работа“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk