logo
logo
logo

ЕДЕН ТЕТОВЕЦ И ДВАЈЦА ГОСТИВАРЦИ ДУВНАЛЕ ПО 2,03; 1,70 И 2,17 ПРОМИЛИ - и ОП кривична „безобѕирно управување со моторно возило“

Vecer | 08.06.2025

ЕДЕН ТЕТОВЕЦ И ДВАЈЦА ГОСТИВАРЦИ ДУВНАЛЕ ПО 2,03; 1,70 И 2,17 ПРОМИЛИ - и ОП кривична „безобѕирно управување со моторно возило“

На 07.06.2025 во 02.56 часот, во 01.27 часот и во 02.10 часот во Тетово и Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.Б. (38) од Тетово, Б.Д. (23) од Гостивар и М.И. (25) од Гостивар.

При сообраќајна контрола на улица „Благоја Тоска“ во Тетово во 02.56 часот и по преземени мерки и активности, полициски службеници констатирале дека Ш.Б. управува патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,03 промили алкохол во крвта.

Во 01.27 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници констатирале дека Б.Д.(23) од Гостивар управува патничко моторно возило „рено“ со гостиварски регистарски со 1.70 промили алкохол во крвта.

Додека во 02.10 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар констатирале дека М.И.(25) од Гостивар управува патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со 2.17 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против тројцата ќе бидат поднесени пријави по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk