logo
logo
logo

ПАРНОТО СЕ ВКЛУЧУВА НА 15 ОКТОМВРИ Граѓаните да ги завршат поправките навреме, апелира ЕСМ

Vecer | 30.09.2025

ПАРНОТО СЕ ВКЛУЧУВА НА 15 ОКТОМВРИ Граѓаните да ги завршат поправките навреме, апелира ЕСМ

ЕСМ Снабдување потсетува дека од 15 октомври официјално започнува грејната сезона за граѓаните приклучени на  системот за централно греење во градот Скопје и ги повикува до тогаш да ги завршат  поправките на внатрешната инсталација.

– Завршените интервенции треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, со што ќе се овозможи непречено снабдување со топлина. Исто така, важно е заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување во топлинската станица, односно платени сметки за електрична енергија и функционална електрична инсталација – велат од ЕСМ.

Оттаму појаснуваат дека согласно регулативата, грејната сезона може да започне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден изнесува 12˚С или пониско, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Дали се исполнети условите за почеток на грејната сезона од годинава ЕСМ Снабдување ќе информира секој ден на својата веб-страница.

Компанијата информира и дека потрошувачите можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на затворени објекти без услови за испорака на топлина  „Затворени објекти – ЕСМ Снабдување“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk