Фрапантни 2,8 милијарди евра уплатиле граѓаните минатата година во казина, обложувалници и автомат-клубови се наведува во анализата на емисијата „Бизнис објектив“.
Сумата укажува дека коцкарската индустрија има големо влијание во финансиските текови во земјава, но и се отвараат прашања која е општествената цена која се плаќа. Дел од експертите предупредуваат дека обложувањето односно коцкањето како форма на „трошење“ има директно влијание врз личните буџети на граѓаните, задолжувањето и сиромаштијата.
Иако индустријата носи приходи преку даноци и лиценци, економистите предупредуваат дека голем дел од парите се пренасочуваат од продуктивна потрошувачка кон сектор кој не создава нова вредност во реалната економија.
Сумата од 2,8 милијарди евра јасно покажува дека коцкарската индустрија станува еден од најмоќните финансиски сектори во земјата – но и еден од најконтроверзните.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата