logo
logo
logo

ПРВИ ЛИЦА ЗА КОИ СЕ ОТВОРА ИСТРАГА: Побаран 30. дневен притвор за Бектеши, Чекиќ Дурловиќ и Хаџиу

Vecer | 20.03.2025

ПРВИ ЛИЦА ЗА КОИ СЕ ОТВОРА ИСТРАГА: Побаран 30. дневен притвор за Бектеши, Чекиќ Дурловиќ и Хаџиу

Јавното обвинителството побара 30-дневен притвор за екс-министерот за економија Крешник Бектеши, како и за други раководни лица од министерството за економија, информираат извори во истрагата.

Меѓу оние за кои е побарана мерката е и државната секретарка Размена Чекиќ Дурловиќ и раководителот Беким Хаџиу.

Тие се први лица за кои се отвора истрага и се бара притвор од 30 дена од поголемата група која досега има над 20 осомничени.

Претходно ваква мерка беше побарана само за 7-мината полициски службеници осомничени за случајот.

Вечерва во судот се донесени и тројца екс-градоначалници на општина Кочани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk