logo
logo
logo

Лондон би платил за секој примен азилант

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА САКА ДА ИСПРАТИ МИГРАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА И НА БАЛКАНОТ

Vecer | 24.03.2025

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА САКА ДА ИСПРАТИ МИГРАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА И НА БАЛКАНОТ

Велика Британија ја разгледува можноста да испрати мигранти на кои им е одбиен азил во балканските земји Македонија, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина, објави британски „Тајмс“, повикувајќи се на извори во британската влада.

„Според плановите на кои се работи, оние на кои им е одбиен азил може да бидат испратени во миграциските центри во Западен Балкан и други трети земји“, наведува весникот.

Британскиот премиер Кир Стармер е заинтересиран за соработка со други европски земји кои планираат да отворат миграциски центри во трети земји, се вели во статијата. Медиумите пренесуваат дека Лондон има намера да им плати на земјите за секој примен мигрант.

Изворите на весникот наведуваат дека Лондон планира за ова да разговара со претставници на Македонија, Албанија, Србија и на Босна и Херцеговина.

Како што истакнуваат изворите, исклучена е можноста за испраќање мигранти во Руанда, иако претходната британска влада размислувала да испрати илегални мигранти во таа африканска земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk