logo
logo
logo

Мицкоски и Мисајловски ќе се обратат, Ковачки шеф на делегација

МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ ДОМАЌИН НА ПАРЛАМЕНТАРНА АКТИВНОСТ НА НАТО

Vecer | 04.04.2025

МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ ДОМАЌИН НА ПАРЛАМЕНТАРНА АКТИВНОСТ НА НАТО

Редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните парламентарни делегации, ќе се одржи денеска и утре во Собранието на Република Северна Македонија.

Шефот на Делегацијата од Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, Драган Ковачки, споделувајќи ја на Фејсбук најавата на Парламентарното собрание на НАТО порача дека „ова е првпат Македонија да е домаќин на парламентарна активност на НАТО“.

„Денеска се одбележуваат 76 години од основањето на НАТО – камен-темелник на европската и северноамериканската безбедност. Овој викенд во Скопје, Постојаниот комитет на ПС НАТО ќе прослави пет години Северна Македонија во НАТО“, напиша на Фејсбук Парламентарното собрание на НАТО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk