logo
logo
logo

Кривична за екс директорка на средно училиште во Демир Хисар поради „одземање или уништување службен печат или спис“

Vecer | 15.08.2025

Кривична за екс директорка на средно училиште во Демир Хисар поради „одземање или уништување службен печат или спис“

ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола денеска поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ.

-Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025, информира МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk