logo
logo
logo

ИНЦИДЕНТОТ за време на минутата молк може да ја чини Шкендија 15 меча играње надвор од Тетово

Vecer | 01.04.2025

ИНЦИДЕНТОТ за време на минутата молк може да ја чини Шкендија 15 меча играње надвор од Тетово

Повиците „УЧК, УЧК“ за време на едноминутниот молк за трагедијата во Кочани може да го чини тетовскиот клуб 15 меча играње надвор од својот стадион. ФФМ веќе отвори дисциплинска постапка за Шкендија за инцидентите на мечот со Брера и се очекува казната да биде изречена во најкраток рок.

Во меѓувреме со реакција излезе и Шкендија, а оттаму велат дека жалат за случувањата.

- Шкендија со целосна одговорност ја следи и почитува секоја институционална одлука поврзана со чувствителните моменти за општеството. Како клуб, длабоко ја доживеавме трагедијата што се случи во Кочани, настан кој ја шокираше целата земја и емоционално влијаеше на нашиот секојдневен живот. Ова чувство беше присутно на секој тренинг во овие денови, а се одрази и на натпреварот против АП Брера, каде и покрај победата од 2:1 и одржувањето на првото место на табелата, тимот не ја доживеа вообичаената радост по натпреварот.Во овој контекст, Шкендија ја почитува минутата молчење што ја воведе Фудбалската федерација на Македонија во чест на жртвите. Сепак, во овој момент, група поединци на трибините избраа да не го почитуваат молкот, однесување кое не го претставува ниту клубот ниту навивачката база во целина. „Балистите“, кои вообичаено стојат на трибината на „Маршин Беќири“ зад голот, овојпат беа сместени на централната трибина. На стадионот имаше околу 3-4.000 гледачи, додека само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување, што не ги претставува чувствата, солидарноста и почитта на мнозинството присутни навивачи. „Балистите“ се 12-ти играч на клубот и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, но неодговорното однесување на одредена група поединци не го отсликува ставот на навивачката група која моментално е во процес на реорганизација, ниту на останатата јавност која во тој момент реагираше со свирежи за изразување на незадоволството, стои во соопштението на „црвено-црните“ од Тетово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk