logo
logo
logo

Да, судија виновен сум! - призна обвинетиот Јованов кој на „Партизанска“ ја прегази Фросина Кулакова

Vecer | 09.05.2025

Да, судија виновен сум! - призна обвинетиот Јованов кој на „Партизанска“ ја прегази Фросина Кулакова

Обвинетиот Васил Јованов (21) кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“, на денешното судско рочиште призна вина.

- Ќе се произнесам за вина, но сакам да изразам најдлабоко сочувство за тоа што го сторив. Не сум можел ниту да помислам нешто такво, рече обвинетиот и додаде:  - Да, судија виновен сум! 

Според обвинението, на 29 јануари годинава, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Обвинителот Александар Марковски, пак, во воведниот збор рече дека ќе докаже возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја усмрти Фросина Кулакова која поминуваше на пешачки премин – тоа го сторил со умисла. На првото рочиште, обвинителот Марковски рече дека ова не е само несреќа во која навидум еден маж, прегазил жена. Обвинителот посочи дека сообраќајката е последица на низа сообраќајни пропусти. Затоа, рече обвинителот Марковски, возачот Васил Јованов, се гони за најтешката квалификација на кривичното дело.

Обвинителот рече дека тие ќе се трудат да докажат дека, за нецела минута пред критичниот настан, сторил и други пропусти од сообраќајна природа.

„Од типот на цик-цак возење, поминување на две полни ленти. Не се релевантни од кривична природа, но се докази за умислата за кривичното дело за кое се товари.“, рече обвинителот.

Тој посочи дека за сѐ имаат докази.

„Навидум еден маж, прегазил една жена. Но не е така. И ова не е така поради медиумската помпа или поради тоа што се случила на популарно место. Ова не е обична сообраќајка поради начинот на кој е сторена, односно големиот број на сообраќајни пропусти на строител, а највеќе поради загубата на животот на младата Фросина Кулакова. Овие околности придонесоа, правна квалификација, во нејзиниот најтежок квалифициран облик. За вакво нешто, за да се утврди, беа прибавени докази во поприличен број. Четири вештачења, од кои се издвојува сообраќајното вештачење кое е податливо. Беа испитани осум сведоци од кои најголем број се очевидци, има материјални докази. Обвинетиот е осудуван, иако тој не спомена дека бил осудуван кога ги даваше своите генералии“, рече обвинителот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk