logo
logo
logo

Владин проект каков што чекаше нацијата

МАКЕДОНСКИТЕ ЅВЕЗДИ СЕ ВРАЌААТ - „Певаљките“ ја ослободуваат естрадата

Vecer | 26.06.2026

МАКЕДОНСКИТЕ ЅВЕЗДИ СЕ ВРАЌААТ - „Певаљките“ ја ослободуваат естрадата

Владата најави дека над 120 македонски уметници ќе бидат дел од централниот проект за одбележување на 35 години независност на Македонија, кој, според портпаролката Марија Митева, претставува еден од најзначајните културни проекти во изминатите три и пол децении.

На денешната прес-конференција, Митева истакна дека, иако интернационалните ѕвезди заслужуваат почит, токму македонските уметници и националната култура го носат духот и идентитетот на државата.

„Македонските уметници, македонската култура се оние коишто го носат духот на една нација“, рече Митева, додавајќи дека Владата е особено горда што успеала да реализира проект во кој ќе бидат вклучени повеќе од 120 домашни уметници.

Таа упати благодарност до сите учесници во проектот, како и до уметниците кои, како што рече, не биле во можност да присуствуваат на денешната прес-конференција.

Митева најави дека Владата во наредниот период, етапно, ќе ги соопштува и останатите проекти што ќе бидат дел од програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на државата.

Според неа, целта е јубилејот да биде одбележан достоинствено, со акцент на македонската култура и уметност како еден од најважните столбови на националниот идентитет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk