logo
logo
logo

Повеќе од доволно за пораз на СДСМ во Центар: НА ЛОКАЦИЈА ТРЕСКА НАБУТАНИ 5.000 ЛУЃЕ! НА МЕСТО ЗА 1.500

Vecer | 29.10.2025

Повеќе од доволно за пораз на СДСМ во Центар: НА ЛОКАЦИЈА ТРЕСКА НАБУТАНИ 5.000 ЛУЃЕ! НА МЕСТО ЗА 1.500

Како ќе живеат 5000 луѓе на простор предвиден за 1500? Зошто ниту една институција не се охрабри да го спаси градот од оваа катастрофа? Ниту Уставен, ниту Министерството за Транспорт тогаш водено од СДСМ?

Дали конкурсот можеше да поправи нешто? И зошто актуелниот градоначалник НЕ ГО спроведе конкурсот кој е одлука на Советот!?

ВИСТИНАТА ЗА ПЛАНОТ ЗА ТРЕСКА

1. Планот кој се релизира на 30.000м2 не соодветствува со Генералниот план за градот ,па наместо 1500 жители на локацијата се овозможува да се населат повеке од 5000 жители.

2. При подготовка за градба се исечени 105 дрва кои градби со подземни нивоа не можат да се надоместат.

3. Градоначалникот потенцира дека не продава државно земиште, а за реализација на планот приватизирани се неколку илјади квадрати државно земјиште

4. На местото каде по планот е предвидено јавно зеленило од 7000м2 се наоѓаат објекти од 2000м2 корисна, но легализирана површина кои Општината треба да ги откупи за да го реализира единственото зеленило. 1200м2 од тие обекти се во соственост на инвеститорите на Треска кои дополнително можат да се офајдат со дополнителни 960.000 евра. Обидот тоа да се избегне иницирано од Шанса за Центар во актуелниот момент не беше подржано од градоначалникот.

5. Награденото решение на Конкурсот за Треска го ревидираше планот согласно генералниот план, со тоа го заштити јавниот интерес и ги отклони добар дел од неговите недостатоци. Правото на градба на приватниот имот не им беше одземено на инвеститорите туку беше регулирано да се одвива според правилата на Урбанистичко планиранье.

За конкурсот не се залудно потрошени пари. Напротив. Конкурсот беше доказ дека ако се направи триаголник на соработка: политичари со визија и со примарна цел-јавниот интерес; ангажман на докажани стручни и професионални лица; и соработливи инвеститори флексибилни за договор и свесни за јавниот интерес, а не само алчни, е тогаш може да се менува развојот на просторот.

Но укинувањето на конкурсот на Треска еднострано и незаконски од градоначалникот е доказ како политичката моќ НЕ СЕ користи за одбрана на јавниот интерес.

Во прилог и обракањето на арх. Радоњик претседател на Конкурсната комисија и актуелен претседател на Академијата на Архитекти на Македонија, како целосен демант на тврдењата на актуелниот градоначалник: https://www.porta3.mk/miodrag-radonjikj-bato-so-struchni.../

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk