logo
logo
logo

ХАЗБИ ЛИКА И ГЗИМ ОСТРЕНИ МУ ВРТАТ ГРБ НА ДУИ? Двајцата на средба со челниците на ВРЕДИ

Vecer | 26.10.2025

ХАЗБИ ЛИКА И ГЗИМ ОСТРЕНИ МУ ВРТАТ ГРБ НА ДУИ? Двајцата на средба со челниците на ВРЕДИ

Хазби Лика и Гзим Острени, поранешни припадници на ОНА (УЧК), деновиве имаа средби со Билал Касами и Изет Меџити од коалицијата Вреди, што од дел од медиумите на албански јазик во Македонија беше протолкувано како јасна порака за нивна поддршка на политиките на ВРЕДИ.

„Пред вториот круг од локалните избори, албанската политичка сцена во Северна Македонија доживува силен шок. Две познати личности од поранешната ОНА Хазби Лика и Гзим Острени, беа видени јавно на пријателски средби со лидерите на коалицијата ВРЕДИ, сигнализирајќи јасно оддалечување од ДУИ и Националната алијанса за интеграција“, пишува информативниот портал на албански јазик „Актуале“ во својата статија со наслов „УЧК ги напушти ДУИ-НАИ, Хазби Лика и Гзим Острени видени покрај ВРЕДИ!“

Порталот пишува дека Острени, една од највлијателните личности од периодот на војната, имал срдечен разговор со Изет Меџити, додека, Хазби Лика, една од личностите со голема тежина во структурите на поранешната УЧК и во политичките случувања по конфликтот во 2001 година, бил виден во друштво со Билал Касами во Тетово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk