На 02.07.2025 околу 20 часот на регионалниот пат с. Лесново – Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.Ј. (64) од Злетово. Тој управувајќи патничко возило „шевролет спарк“, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.81 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата