logo
logo
logo

Претседателката предлогот за нов гувернер на Народна банка нема да го достави денес

Vecer | 19.05.2025

Претседателката предлогот за нов гувернер на Народна банка нема да го достави денес

Денеска нема да се дознае кој ќе биде предлогот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за нов кандидат за гувернер на НБМ, односно тој нема да биде доставен до Собранието, објави МИА.

Претседателката вчера имала средби и разговори со тројца најсериозни кандидати, и ќе ѝ бидат потребни уште неколку дена, врз основа на направените интервјуа, за најдобро да го изгради својот став во врска со тоа прашање, по што ќе го достави својот предлог за нов гувернер до народните избраници.

Ова значи дека на утрешната седница нема да се гласа за изборот на нов прв човек на НБМ, кој практично ќе раководи со монетарната власт во наредните седум години.

Како најсериозни кандидати за позицијата, во јавноста се лиферуваат имињата на актуелната гувернерка Анита Ангеловска – Бежоска, екс министрите за финансии Зоран Ставревски и Трајко Славески, како и екс вицегувернерката Маја Кадиевска-Војновиќ.

Гувернерот се бира на предлог на претседателот на државата, а се избира во Собранието на Македонија, за што се потребни 61 глас, односно мнозинство од вкупниот број пратеници во Собранието на Македонија.

Гувернерот има основна задача да ја претставува НБМ, ги претставува монетарната и политиката на девизен курс, одлучува за издавање дозволи на финансиски институции, ги одзема дозволите, ги контролира банките и слично.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk