Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ продолжува со зборовите и визијата на Христо Татарчев, еден од основачите на Македонската револуционерна организација (МРО) и прв претседател на Централниот комитет.
Роден е на 16 декември 1869 година во Ресен, потекнувал од богато трговско и банкарско семејство. Се школува во Пловдив, Цирих и Берлин. Поради својата револуционерна дејност во 1901 година бил притворен и осуден на заточеништво во Бодрум Кале. Во 1902 година е помилуван и заминува во Софија кадешто како задграничен претставник на МРО, заедно со Христо Матов, ја донесува одлуката за кревање на Илинденското востание.
Во постилинденскиот период неговото влијание се намалува и постепено се повлекува од револуционерната дејност.
По Првата светска војна е меѓу главните критичари на Тодор Александров и еден од основачите на Македонската федеративна организација, позната и како Македонска федеративна револуционерна организација. Поради заканите од страна на ВМРО и Тодор Александров принуден е да емигрира во Италија.
Татарчев е автор на бројни статии за Македонската револуционерна организација и македонското политичко прашање. Многумина пишувале за МРО и за македонската борба за слобода и државност, но авторските текстови на Христо Татарчев на оваа тематика се автентично видување на нештата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата