logo
logo
logo

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Успение на Пресвета Богородица

Vecer | 28.08.2025

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Успение на Пресвета Богородица

На сите православни верници ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица.

Мајката Божја е симбол на скромноста, трпеливоста, човечноста, споделувањето на радоста и тагата и подавањето рака секому кому му е потребна.

Со обележување и празнување на Успението на Богородица, ги празнуваме, почитуваме и вреднуваме вековната традиција, семејството и семејните вредности, разбирањето и љубовта кон ближните, пожртвеноста и подготвеноста за надминување на искушенијата.

Овие се начела на Мајката Божја кои не прават подобри човечки битија и се извор на духовната сила на сите верници.

Нека ни е за многу години Пресвета Богородица и во духот на заедништвото со мир, спокој и добро здравје да го прославиме!“, се вели во честитката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk