logo
logo
logo

„Бујар Османи 11 пати трчаше на средби во Белград и беше редовна „кореографија“ на вечерите со Александар Вучиќ“

Vecer | 22.07.2025

„Бујар Османи 11 пати трчаше на средби во Белград и беше редовна „кореографија“ на вечерите со Александар Вучиќ“

За само четири години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина. Се сретна повеќе пати со српските власти отколку со косовските.

Ова се истакнува во соопштението од коалцијата Вреди, во врска со обвинувањата за „српски свет“ која доаѓа од функционерите на бившата власт на СДСМ и ДУИ. Во продолжение целото соопштение:

Во Скопје го пречека и рускиот министер Сергеј Лавров, а беше и редовна „кореографијата“ на прошетките и вечерите со Александар Вучиќ. На Албанците им понуди само селфи-дипломатија, заглавени европски интеграции и маркетинг за себе.

Бујар Османи е посреќен со српски дипломати околу себе, отколу со свои сограѓани од Чаир. На никого му нема помогнато, на никого од Чаир му се нема најдено, на никого му нема одговорено на телефон. Во Чаир, Бујар нема помогнато за ниту едно ново училиште, го немало кога се граделе улици и пробивале булевари, го немало кога се правеле градинки и игралишта.

Бујар Османи го интересира сопствената кариера, добрите релации со Белград и шансата да остане во политика. Во еден мандат да се сретнеш повеќе пати со Белград од со Приштина зборува за тоа дека Бујар Османи заборавил од каде доаѓа и кои се негови луѓе.

Чаир не е аеродромска чекална за ничија кариера. Чаир е дом што заслужува градоначалник кој носи инвестиции, чисти улици и сигурни училишта, а не човек чиј единствен резултат е дебела фото-архива со српските лидери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk