Улицата „Мирослав Крлежа“ во скопско Дебар Маало, кај зградата на Министерството за култура станува пешачка зона. Таа минува покрај Министерството за култура и завршува како слепа улица кај кафулето „Правда“.
Општина Центар почна со градежни работи за реконструкција на улицата со кои се предвидува нов алфалт, пешачки патеки и зеленило. Ќе биде поставена и нова атмосферска канализација.
По завршување на реконструкцијата, паркирањето ќе стане резиденцијално односно ќе може да паркираат само станарите на околните згради. Оваа улица досега ја стопанисуваше ЈП „Градски паркинг“, но сега ќе ја преземе ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) и ќе го воведе новиот режим за паркирање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата