logo
logo
logo

16-годишникот кој се судри со џипот на Јанчев од Левица им подлегнал на тешките повреди

Vecer | 10.10.2025

16-годишникот кој се судри со џипот на Јанчев од Левица им подлегнал на тешките повреди

Почина 16-годишното момче од Идризово кое со мотоцикл се судри со џипот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, објави синоќа Канал 5.

Сообраќајната незгода се случи на 14 септември во раните утрински часови во селото Марино. Во неа, освен возачот на мотоциклот, беше повредена и неговата сопаничка, како и пратеникот и неговиот сопатник.

Полицијата тогаш извести дека возачот е упасен.

„Во селото Марино, општина Илинден се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(36) од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од село Идризово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здобиле С.Ј. и неговиот сопатник Х.М.(25) од Вевчани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а околу 4 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Загрозување на безбедноста на сообраќајот, по член 297 и Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, соопштитогаш полицијата.

Од партијата Левица тохаш демантираа дека пратеникот Сашко Јанчев возел под дејство на алкохол и над дозволената брзина и информираа дека мотоциклот се забил во вратата на автомобилот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk