logo
logo
logo

ЛЕЈЛА КАДРИУ НЕМА ДА ИМ СЕ ИЗВИНИ НА БУБЕВСКИ И ЈОСИФОВСКА, ќе ги чека тужбите

Vecer | 12.02.2026

ЛЕЈЛА КАДРИУ НЕМА ДА ИМ СЕ ИЗВИНИ НА БУБЕВСКИ И ЈОСИФОВСКА, ќе ги чека тужбите

По реакцијата на обвинителот Гаврил Бубевски во врска со изјавите на адвокатката Лејла Кадриу дека влијаел на судски одлуки, денеска со соопштение се огласи и обвинителката Елизабета Јосифоска.

Таа наведува дека на нејзина сметка Кадриу изнела низа невистини, лаги и клевети во однос на нејзиното постапување како јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство и за работењето на целото Специјално јавно обвинителство.

Јосифовска и Бубевски побараа Кадриу јавно да се извини, а во спротивно се заканија со тужба.

Од друга страна, Кадриу преку социјалните мрежи истакна дека не гледа основ за извинување.

- Не гледам основ кога сум изнела факти хронолошки и професионално. Ако за нив вистина е навреда тоа е веќе нивен проблем, не мој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk