logo
logo
logo

УЧЕБНИЦИТЕ СТАСАА ПРЕД 1 СЕПТЕМВРИ, сите ученици ќе имаат книги по сите предмети

Vecer | 27.08.2025

УЧЕБНИЦИТЕ СТАСАА ПРЕД 1 СЕПТЕМВРИ, сите ученици ќе имаат книги по сите предмети

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија.

Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на Министерството за образование и наука.

Обезбедени се и учебници по странските јазици, за прв пат после седум години во кои недостигаа, а наставниците и учениците самостојно се снаоѓаа со литература. Нови учебници со унапредена содржина има и за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиско образование, каде започнува примената на нови наставни програми. Повеќе од 100 нови наслови ќе бидат достапни и за учениците од средните стручни училишта.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk