logo
logo
logo

ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА

Стоилковиќ: Сите вработени во Министерството се здравствено осигурени

Vecer | 12.03.2026

Стоилковиќ: Сите вработени во Министерството се здравствено осигурени

Сите вработени во Министерството за односи меѓу заедниците имаат здравствено осигурување, порача преку својот Фејсбук-профил потпретседателот и министер Иван Стоилковиќ, одговарајќи на наводите кои се појавија во јавноста дека вработените во оваа институција се соочувале со загрижувачка ситуација и биле без здравствено осигурување.

Ве информирам дека сите вработени, инаку на шовинистите за потсетување сега во министерството нема вработени само припадници на албанската заедница, туку има вработени и од другите заедници, во Министерството за односи меѓу заедниците имаат здравствено осигурување. Министерството редовно ги исполнува сите законски обврски во однос на пријавувањето и обезбедувањето на правата не само од здравственото осигурување, туку и од други бенефиции кои произлегуваат од работните односи.

Доколку имате потреба од дополнителни информации или појаснувања, ве молам да се обратите до СОЗР како надлежна институција за пресметка на плати и придонеси на Министерството за односи меѓу заедниците“, пишува Стоилковиќ, додавајќи дека од марксистичко-ленинистичка школа во новинарство и политика и не се очекува ништо друго, освен омраза, лаги, инсинуации и подметнувања кои во крајна инстанца не градат иднина.

Само со почит и соработка може да се остварат реални резултати во работењето и функционирањето на државата во целина“, пишува уште Стоилковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk