logo
logo
logo

МИТКО ЈАНЧЕВ НА 44-ОТ РОДЕНДЕН ГО ДОБИ УВЕРЕНИЕТО ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КАВАДАРЦИ

Vecer | 01.11.2025

МИТКО ЈАНЧЕВ НА 44-ОТ РОДЕНДЕН ГО ДОБИ УВЕРЕНИЕТО ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КАВАДАРЦИ

Општинската изборна комисија денеска ги додели уверенијата за мандатите на градоначалникот и советниците во Совет на Општина Кавадарци.

„За мене е ден со посебна симболика. На истиот ден кога го прославувам мојот 44. роденден, ја добив и официјалната потврда, уверението за трет мандат како градоначалник на Кавадарци од страна на Општинската изборна комисија. Овој ден е потсетник дека ништо не е случајно. Довербата што граѓаните повторно ми ја дадоа е најголемата чест и најголемата одговорност. Заедно со советниците кои се дел од истата визија и идеја, продолжуваме уште посилно, со уште повеќе работа, дела и резултати“, напиша градоначалникот Митко Јанчев на Фејсбук.

Тој изрази благодарност за поддршката и довербата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk