logo
logo
logo

Артан Груби приведен на Блаце, заврши во Шутка – ќе се појави пред обвинител

Vecer | 23.02.2026

Артан Груби приведен на Блаце, заврши во Шутка – ќе се појави пред обвинител

Артан Груби кој утрово беше уапсен на преминот Блаце откако решил да се врати во земјава, е пренесен во Шутка, потврдуваат за ТВ 24 од МВР.

Груби е пренесен во притворското одделение во Шутка бидејќи за него беше определен 30 дневен притвор во отсуство, додека беше во бегство.

Од ОЈО Скопје велат дека дополнително ќе известат како ќе ја тераат постапката, односно кога ќе се појаби пред јавен обвинител.

Груби заедно со екс директорот на Државна лотарија Перперим Бајрами е осомничен за проневери во Државна лотарија про набавка на ВЛТ апарати.

Груби во декември 2024 година беше ставен на т.н. „црна листа“ на САД поради вмешаност во значителна корупција, конкретно поради примање поткуп во врска со судските процеси поврзани со ексдиректор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков

Артан Груби е поранешен прв вицепремиер и со години најблизок човек на Али Ахмети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk