logo
logo
logo

Кандидатот за градначалник на Центар Мирслав Лабудовиќ на летниот камп на ЗНАМ во Струга

Vecer | 02.09.2025

Кандидатот за градначалник на Центар Мирслав Лабудовиќ на летниот камп на ЗНАМ во Струга

Претседателот на Градската организација на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија-Скопје, Мирослав Лабудовиќ, се обрати пред учесниците на првиот Летен камп за млади во Струга.

Лабудовиќ нагласи дека активизмот меѓу младите е основа за изградба на силно, одговорно и инклузивно општество.

„Младите преку својот ангажман не само што се развиваат лично, туку стануваат двигатели на општествените промени, без разлика дали нивниот ангажман е граѓански или партиски.“

Преку своето излагање тој ги мотивираше младите, истакнувајќи дека поставувањето високи цели е политичка и лична потреба.

„Не е страшно ако целите не се постигнат веднаш. Страшно е ако воопшто нема цели. Со јасна визија и стратешки поставени цели секој од вас може да го насочи својот потенцијал кон реални резултати кои ќе го унапредат општеството и политичкиот живот во Македонија. Вие сте иднината и вашата активност денес го обликува утре.“

Лабудовиќ потенцираше дека младите се совеста и силата на општеството и кога добро се организираат и се мотивирани, тие можат да остварат многу – да влијаат на политиката, да поддржат реформи и да ја зајакнат демократијата.

Особено ја истакна улогата на младите во делувањето во локалната власт.   „ЗНАМ се залага младите да бидат вклучени во креирањето на локалната политика, да учествуваат во донесување одлуки и да ги обликуваат развојните приоритети на своите општини. Локалната самоуправа е вистинско место каде младите можат да го покажат својот потенцијал и да влијаат на животот на граѓаните.“

Тој додаде дека една политичка подмладина е богатство за целиот политички систем, затоа што носи нови познанства, нови луѓе и нови карактери кои ја обновуваат политичката култура и ја зајакнуваат демократската конкуренција.

Летниот камп на ЗНАМ за млади ќе трае до 31 август и ќе овозможи учесниците активно да учат, да се поврзат и да ги развиваат лидерските и политичките вештини, со цел да станат носители на иднината на Македонија и на локалните заедници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk