logo
logo
logo

ЕВРЕИТЕ ДА ИМ СЕ ИЗВИНАТ НА БУГАРИТЕ, бара македонската професорка Дореана Христова

Vecer | 13.03.2023

ЕВРЕИТЕ ДА ИМ СЕ ИЗВИНАТ НА БУГАРИТЕ, бара македонската професорка Дореана Христова

Бугарската активистка Дореана Христова, професор на скопскиот универзитет Кирил и Методи, која се претставува како Македонка а шири бугарска пропаганда и клевети за македонските Евреи на денот кога пред 80 години бугарските фашистички окупатори ги депортираа македонските Евреи во логорот Треблинка од каде никогаш не се вратија.

Христова на социјалната мрежа Фејсбук врши кривично дело говор на омраза против Евреите и Србите.

Антисемитизмот на Христова која била блиска на Љубчо Георгиевски кога бил премиер засега не е санкциониран од македонските власти.

Христова тврди дека Евреите заедно со Србите имаат цел да ги исечат и окупираат сите други граѓани на Макеоднија, што е начин на кој германските и бугарските фашисти комуницираат во јавноста пред да убијат 6 милиони Евреи.

Христова ја напаѓа и државата Израел која деновиве во Македонија испрати официјална делегација на настанот на кој се потсетуваме на бугарската фашистичка депортација на македонските Евреи.

Постот на Христова кој зрачи со антисемитизам и кој во нормална земја би бил основа за кривичен прогон ви го пренесуваме во целост за да се подигне јавната свест за омразата кон Евреите, во случајот и против Србите, за која многумина мислат дека завршила пред 80 години.

,,Се чини намерно најбрутално Евреите и Србите во Македонија не дозволуваат македонска интеграција во ЕУ, зашто планираат токму таа да биде единствен нивен посед, (подигрувајќи се на тој начин со ЕУ). Целта им е да нѐ експлоатираат и окупираат заедно со Србите, нас Македонците, македонските Бугари и Албанците, или да нѐ иселат….

Македонскиот Евреин Садикарио на дневникот од 10.3.23, на Канал 5 во 15 ч. како и во подоцнежните вести најави целодневна програма посветена на Холокаустот во неделата без да заборави најгрубо да ја нападне во неговиот перфиден стил ,,фашистичка Бугарија,, велејќи дека ќе дојдат нови луѓе во таа земја, кои ќе му се извинат нему лично и кон сите други Евреи, како што тој тоа умеел да го оркестрира..

Но не одговара Садикарио дали предвидува потчинет статус за непослушните кои не се сметаат за виновни?

Се прашуваме до кога ќе бидеме сведоци на досадни реваншистички диктаторски еврејско-српски пресметки, чија цел е да се задскријат себе и своите југо клеветнички гревови,, зашто перфектно го увежбале правилото дека нападот е најуспешна одбрана.

Затоа тие ги понижуваат поранешните спасители, не барајќи извинување од земјите кои ги предавале без збор на логорите на смртта нивните предци, како на пр. кралскиот српски брат како голем хитлеров пријател. Тоа е така зашто Садикарио решил уште во Југовината да си ги замени партнерите, т.е. поранешните непријатели веќе му се верни сојузници во заедничкото малтретирање на трети страни, според некој нов нивен пазарен тренд….

Се чини ова треба да стане предмет на разгледување во меѓународното право, каде за Северна Македонија, Бугарија и Албанија мора да изгреат посреќни денови на чесно меѓусосетско комуницирање.

Треба јавно да се констатира дека типовите како Садикарио, Леви, Мизрахи чии семејства уживале највисоки функции за време поранешна Југославија, сега кога го трасираме животниот македонски пат кон Европа, најенергично него го блокираат и бојкотираат, рушејќи ги европските правила за задолжителни добрососедски односи, за жал брутално спречувани од грст спомнати насилни луѓе, кои ја користат еврејската трагедија за свои лични нечесни цели, покривајќи ги на тој начин сопствените шпионски недела за време титова Југовина.

Израел не сака да влезе во Еу зашто таму има европски правила и вредности, што тој не сака да ги почитува, туку посакува да напаѓа каде и кога ќе стигне.

Нечесно маневрираат во Северна Македонија за да ги затворат бугарските клубови и да ја зацементираат нивната лага дека ,,Михајлов бил фашист,, т.е. целта е тој да не биде рехабилитиран од Македонците.

Мој предлог да бараме и покрај сѐ помош

– од ЕУ иако Евреите и со неа се исмеваат

– заедно со ЕУ да го контактираме меѓународното право

– зашто Израел веќе преминува во препознатлива дизлоцирана окупаторска земја, на која некој ќе мора да ѝ пресуди.

Бугарката Дореана Христова која вчера ширеше антисемитизам и говор на омраза кон Евреите и Србите сега бара извинување од еврејски активисти и ги споредува со нацистите.

Според Христова против која МВР и обвинителството се уште не преземаат мерки за ширење говор на омраза преку социјалните мрежи еврејски активисти се однесувале како што се однесувале нацистите.

,,Бараме извинување од одделни македонски Евреи како Садикарио, Мизрахи, Пепи…., кои пледираат и преку македонските тв канали и пред европски претставници на светски политичари, како Дејвид Гир…. , да шират најгруб говор на омраза кон македонскиот источен сосед – Бугарија и бугарските граѓани, исто како што пред нив тоа го вршеа нацистите, тотално ,,заборавајќи,, дека :

1. Единствено Бугарија, со својот бугарски народ може во очи секому да погледне, затоа што се жртвуваше себе за да ги спаси своите еврејски сограѓани од смрт

2. Фанатичните спомнати лица што заслужуваат опомена, стимулираат раздор и антисоседска политика која е забранета во цела Европа и Америка

3. Намерно ги мешаат актерите и времињата на злосторнички чинови, без да ги согледаат сопствените грешки, минати и сегашни

4. Го игнорираат фактот дека Македонија е членка на НАТО и бара членство во ЕУ, што тие го блокираат

5. Не сакаат да сфатат дека Македонија има различни принципи на однесување од актуелните проруски и про израелски навики”, пишува Христова.

Во македонските закони нема кривично дело антисемитизам но има ширење на омраза во неколку варијанти.

На сликата Христова е десно

Таа пресудно упати говор на омраза кон Евреите и Србите во Македонија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk