logo
logo
logo

Нема проблем со керозин, имаме резерви. Плус, отворени се 5 нови дестинации и покрај кризата

Vecer | 09.05.2026

Нема проблем со керозин, имаме резерви. Плус, отворени се 5 нови дестинации и покрај кризата

Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата отвораме 5 нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, истакна вицепремиерот Николоски во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“.

"Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на четири аеродроми кој што прават снабдување од тука. Имаме резерви на керозин за 90 дена, законски е 60 дена, така што немама никаков проблем со снабдување.

Дури во услови кога се најавуваат откажување на летови, ние во тек на месец јуни планираме 5 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром.

Аустриа ерлајнс ќе почне да лета Виена до Охрид за прв пат. Визер ќе лета од Охрид до Краков и до Вроцлав и имаме две одлични туристички дестинации од скопскиот аеродром, едната е Палермо- Сицилија, другата е Алгеро-Сардинија", истакна Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk