logo
logo
logo

Мицкоски: Нема да има мигранти, тоа е измислена тема на Венко

Vecer | 13.03.2026

Мицкоски: Нема да има мигранти, тоа е измислена тема на Венко

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за емисијата „Подиум“ на Ора24 ТВ истакна дека мигранти во земјава нема да има и тоа е измислена тема на Венко Филипче, а дека нема да има потврди и самиот амбасадор на Обединетото Кралство кој кажа дека такви преговори нема и нема да има.

„Нема покредибилен извор од амбасадорот на Обединетото Кралство во државава којшто кажа дека ниту имало, ниту има, ниту било како ќе има преговори на тема мигранти од Обединетото Кралство кои ќе бидат прифатени тука“, посочи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека не само мигранти туку нема да има ни такви неуспешни апликанти за азил, а еве дојде март, па гледаме дека нема, а од опозицијата продолжуваат да лажат.

„Еве за да не бидам погрешно сфатен, не само мигрантски кампови, туку било како и оние коишто се неуспешни апликанти за азил, нека најдат еден таков, тогаш ќе излеземе, ќе се извиниме, ќе кажеме, затоа што гледам дека лажат кога велат сме лажеле и продолжуваат. Тие мислат дека така треба и нека си тераат. Но, нема покредибилност од самиот амбасадор кој рече такво нешто нема. Дојде март, април, рекоа ќе шетаат по улици, не само што нема мигранти, туку нема ни да има“, изјави премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk