logo
logo
logo

ПОЛИЦИЈАТА СО ИНТЕНЗИВНИ ПРОВЕРКИ НА КАМИОНИТЕ И АВТОБУСИТЕ Целта на проверките не е казнување, туку превенција

Vecer | 22.11.2025

ПОЛИЦИЈАТА СО ИНТЕНЗИВНИ ПРОВЕРКИ НА КАМИОНИТЕ И АВТОБУСИТЕ Целта на проверките не е казнување, туку превенција

Од 17 до 23 ноември е европска недела на Операции на Камиони и автобуси на сообраќајните полиции ширум Европа.

Како членка на асоцијацијата на европски сообраќајни полиции Roadpol, македонската сообраќајна полиција врши интензивни проверки на тешките товарни возила и автобуси со цел обезбедување побезбедни патишта за сите.

Од МВР информираат дека фокусот на акцијата и проверките е на: техничката состојба на возилата, консумирањето на алкохол и наркотици, проверка на документацијата и дозволите.

Тешките возила имаат голема улога во секојдневниот живот – но кога безбедносните правила се игрорираат, последиците можат да бидат катастрофални. Целта на проверките не е казнување, туку превенција. Секоја проверка е чекор напред кон поголема безбедност на возачите, патниците и сите корисници на патиштата, информира МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk