logo
logo
logo

Прва од ваков вид - ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДОБИ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ПРОСТОРИЈА за сослушување деца жртви на трговија со луѓе

Vecer | 02.07.2025

Прва од ваков вид - ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДОБИ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ПРОСТОРИЈА за сослушување деца жртви на трговија со луѓе

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска, 2 јули, беше отворена првата специјализирана просторија за сослушување на деца жртви и сведоци на трговија со луѓе.

Проектот е реализиран со поддршка на регионалниот проект EU4FAST – „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од Германија, Италија и Холандија.

Просторијата е прва од ваков вид во рамките на јавното обвинителство во државава, прилагодена според највисоките европски и меѓународни стандарди чија цел е создавање безбедна и поддржувачка средина за жртвите на трговија со луѓе, особено децата, соопштија од Обвинителството.

Фото: ОЈО ГОКК
Фото: ОЈО ГОКК

– Оваа донација за нас не е само материјална поддршка, туку признание дека сме на добар пат и се залагаме за вистинските вредности – особено кога се во прашање децата и ранливите категории – изјави Основниот јавен обвинител Ислам Абази во своето поздравно обраќање, додавајќи дека „просторијата не е само функционален простор, туку алатка од суштинско значење“.

– Таа е одраз на нашата заложба како институција да бидеме на страната на граѓаните – особено на оние на кои најмногу им е потребна заштита и разбирање – вели Абази.

Во духот на воспоставување на нови стандарди, јавниот обвинител го заврши своето обраќање со инспиративна порака:

– Нека оваа просторија биде почеток на нови стандарди – стандарди кои ќе го почитуваат човекот, ќе го штитат детето и ќе ѝ дадат лице на правдата која зрачи со доверба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk