logo
logo
logo

ПОШТЕНО: Хаким Рамадани загуби во Брвеница и побара работа во приватниот сектор

Vecer | 03.11.2025

ПОШТЕНО: Хаким Рамадани загуби во Брвеница и побара работа во приватниот сектор

Поранешниот кандидат за градоначалник на Општина Брвеница од Коалицијата „Вреди“, Хаким Рамадани, кој досега ја извршуваше функцијата директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека од денеска е невработен и дека бара работа исклучиво во приватниот сектор.

Рамадани на локалните избори не успеа да ја добие довербата на граѓаните – неговиот противкандидат Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови и ќе ја преземе функцијата градоначалник на Брвеница.

Покрај изборниот пораз, тој се соочува и со промени во кариерата, откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе биде разрешен од директорската позиција во Инспекторатот за локална самоуправа.

Во својата објава, Рамадани напиша: „Од денеска сум невработен. Дипломиран економист сум. Барам работа само во приватни компании.“

Оваа негова изјава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи – дел од граѓаните ја поздравија неговата искреност и подготвеност да се соочи со реалноста, додека други коментираа дека ваквата одлука е редок пример во политичките кругови во земјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk