logo
logo
logo

Адвокатот на Бектеши вели дека и сегашното минитстерство за економија ги има истите пропусти - Миланов смета дека приведувањето е апсурдно

Vecer | 21.03.2025

Адвокатот на Бектеши вели дека и сегашното минитстерство за економија ги има истите пропусти - Миланов смета дека приведувањето е апсурдно

Адвокатот на поранешниот министер Крешник Бектеши, кој е во притвор како осомничен за одговорност во случајот со страотниот пожар во Кочани, во интервју за ТВ 21, кое ќе се емитува вечерва, ги оцени како правно неиздржани и апсурдни обвинувањата кои им се ставаат на товар на Бектеши, но и на другите 27 осомничени.

Адвокатот Еленко Миланов вели дека тоа колку угостителските објекти биле контролирани и проверувани, се гледа од последните контроли, кои се прават сега, при што се утврдуваат истите пропусти во дискотеките и кабареата.

– Ова Министерство за економија ги има истите пропусти во тие објекти, и каде би била тука поврзаноста на Крешник Бектеши, па и многу од овие лица да можат да се товарат како директни извршители во однос на самото настанување на овој пожар? – прашува Миланов.

Тој додава дека приведувањето на Бектеши е правно неиздржано и апсурдно.

– Временскиот период кој што стои во конкретната наредба која што вчера е отворена за овој предмет од Обвинителството дека тоа се случува од 2012 година па се заклучно со 16 март 2025 година кога се случи овој настан што сметам дека е правно апсолутно неиздржано и апсурдно затоа што за предизвикување на било кој начин на таа несреќа може да има директни учесници, а Бектеши и многу други немаат и не можат да имаат никаква директно учество и во таа насока вина за сето тоа – порача Миланов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk