Пенал во 90-та минута прими ДУИ (или НАИ) од нивниот актуелен градоначалник на Струга Рамиз Мерко.
Вечерва тој повика да се гласа за независната листа за советници во Струга (бр. 120) и со критика за партијата ДУИ, чиј градоначалник е:
Рамиз Мерко е ставен на црната листа на САД поради вмешаност во значителна корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството и се соочува со дузина, повеќе обвиненија за незаконско работење, злоупотреба на служена должност, како и незаконското работење на Универзитетот во Струга кој е затворен.
Тој остана и без пасош од декември 2024 година, токму поради истите.
Останува нејасно кој е мотивот на долгогодишниот градоначалник Рамиз Мерко за ваквиот потег, но извори од ДУИ (НАИ) или како и да се нарекуваат, велат дека најсилниот мотив му е ставањето на црната листа на САД, што тој, според изворите, го смета за местенка од внатре, од структурите на ДУИ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата