Во Драмски театар денеска ќе се одржи комеморација за актерката Ленче Делова.
Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите, како што наведува Драмски, достоинствено, со збор, сеќавење, фотографија и снимка, ќе се потсетат на кариерата на македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова.
Во 1970 година, Делова се вработила во Драмски театар – Скопје каде била професионално ангажирана сѐ до нејзиното пензионирање во 2013 година.
Ленче Делова почина на 15 февруари годинава, на 77 годишна возраст.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата