logo
logo
logo

ПОТРЕБНИ 400, СЕ ПРИЈАВИЛЕ 500 КАНДИДАТИ ЗА ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ: Во Скопје бројката е под 50, а се очекувале 80 лица

Vecer | 23.07.2025

ПОТРЕБНИ 400, СЕ ПРИЈАВИЛЕ 500 КАНДИДАТИ ЗА ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ: Во Скопје бројката е под 50, а се очекувале 80 лица

Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе учествуваат во превенција, а дел од нив и во справувањето со пожарите, истекува денеска. Пријавените ќе бидат контактирани по што ќе треба да поминат дводневна обука во рамки на која ќе биде направена селекција.

Досегашниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција информираше дека се пријавени помалку од 500 кандидати, а во Скопје околу 50, иако, како што рече, очекувале бројка од 80 лица.

- Во овој момент имаме нешто помалку од 500 пријавени кандидати на територија на државата. Нам ни беа потребни 400. За жал, бројката во Скопје е нешто помала, под 50, а очекувавме 80 лица – рече Ангелов.

Овие лица во следните два до три дена ќе бидат повикани во локалните територијални противпожарни единици и ќе започнат со најмалку дводневна обука во чие времетраење ќе се изврши селекција.

-Најдобрите од овие лица понатаму ќе имаат можност да бидат вработени во локалните територијални противпожарни единици или во Дирекцијата за заштита и спасување, а најдобрите во текот на наредниот период во Единицата за рамки на ДЗС – рече Ангелов.

Во Специјалната единица која ќе биде формирана, платите на вработените ќе бидат повисоки во однос на платите на пожарникарите, но овие лица ќе бидат ангажирани на тешко пристапни терени.

- Зборуваме за едница во која сите припадници би биле помлади и физички подготвени на едно сосема друго ниво за да можат да одговорат на најтешки и најсложени задачи – рече Ангелов на прес-конференцијата на која беа дадени најнови информации околу состојбата со пожарите во земјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk