logo
logo
logo

ЗАБРАНИ, КАЗНИ И ОПОМЕНИ ЗА ПРОДАВАЧИТЕ НА ХРАНА ОКОЛУ УЧИЛИШТАТА

Vecer | 16.11.2025

ЗАБРАНИ, КАЗНИ И ОПОМЕНИ ЗА ПРОДАВАЧИТЕ НА ХРАНА ОКОЛУ УЧИЛИШТАТА

Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десетина дена.

Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата (основни и средни) од каде учениците најчесто купуваат храна.

Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од вкупно контролираните, 26 не биле регистрирани како опeратори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Шеснаесет оператори немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна.

За утврдените недоследности изречени се и парични казни за 77 оператори, во вкупна вредност од 36.470 евра во денарска противвредност. Издадени се 103 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности и изречени се и 23 опомени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk