logo
logo
logo

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

Vecer | 12.09.2025

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници.

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори:

▫️Едис Хасан – кандидат за градоначалник на Шуто Оризари.

▫️Жика Стојановски – кандидат за градоначалник на Илинден.

▫️Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани.

▫️Исуф Синани – кандидат за градоначалник на Долнени.

Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ во 64 општини ширум државата.

Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини.

Кандидатите на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните, ќе работат за решавање на секојдневните проблеми, за подобрување на квалитетот на живот и развојот на општините, соопштија од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk