logo
logo
logo

До кога, бе!

Судскиот совет заборава: ФИЛКОВ Е МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА. а тие не се држава во држава!

Vecer | 25.02.2026

Судскиот совет заборава: ФИЛКОВ Е МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА. а тие не се држава во држава!

Се случи скандал. Обвинителството побара домашен притвор за Артан Груби иако тој по бегството веќе имаше изречена мерка за затворски притвор од 30 дена, практично обвинителот Даниел Коцев САМОИНИЦИЈАТИВНО побарал друга мерка за Артан Груби, наместо да се спроведе претходната - 30 дена затворски притвор. Таа да се преквалификува и реши со домашен притвор. Судијата тоа само го извршил.

Која е нова околност за да се донесе нова, подобра мерка за осомничениот Артан Груби? Нема таква. Има отежителна - избегал по дознавањето дека се отвара случај во Обвинителството против него и се вратил по 14 месеци бегство. А од трите главна мерка за затворски притвор е - оневозможување на бегство поради обезбедување пристсутво за судењето. Плус втората, сега има можност за влиајние врз сведоците.

Јавноста, со причина, беше шокирана и гневна на обвинителот и судијата. Се работи за проневера на 8 милиони евра а Артан Груби е најкрупна политичка фигура која е изведена пред судот од минатата власт која и меѓународно беше оценета како една од најкорумпираните во Европа. Над него, по тежина за корупција, се само фамилијата Заеви.

Министерот за правда Игор Филков, како еден од шокираните и гневните, изјави дека очекува одлуката на судијата кој решил притворот да биде домашен а не затворски да биде предмет на разгледување и оценка пред Судскиот совет. Да ги објасни, пред струката, мотивите и причините. 

Да го разгледаат овој случај и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител. Филков побара појаснување од јавниот обвинител Даниел Коцев, раководителот на Обвинителството, Анел Фидоски и од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски. Изјава која е во целост во контекст на барањата за отчетност и транспарентност на работата на судиите што се најавуваше од оваа влада и што јавноста го одобри на избори и го очекува. 

Но, наместо тоа се јави со свој Фејсбук пост членот на судските совет Сузана Јошевска Анастасовска. „Судија не смее да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судски совет, за да се расправа основно правило во кривична постапка“, напиша Јошевска Анастасовска на Фејсбук.

Овој нејзин настап беше нов шок од “судската империја на СДСМ и ДУИ“!

Прво, надвор од секој професионален принцип е член на судски совет да искажува став во врска со Судскиот совет - преку Фејсбук! и на тој начин да се обраќа до министер за правда.

Судскиот совет не е невладина организација или дебатен клуб за да се полемизира преку Фејсбук за работа на судиите и оценки за работа на министер за правда кој - да ја потстетиме, е исто така член на судскиот совет како и Сузана Јошевска Анастасовска. Ако имала различно мислење од својот колега во Сускиуот совет за тоа се дебатира таму, а не на Фејсбук во одбрана на Артан Груби и судијата кој пресудил тој да седи дома.

Сузана Јошевска Анастасовска има проблем со сопствениот легитимитет (легалитетот е тој што е) во Судскиот совет. Таа е политички активиост во време на ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОТЕСТИ И ДРЖАВНИОТ УДАР СО НАМЕТНУВАЊЕ ВЛАСТ КОЈА НЕ Е ИЗГЛАСНА ВО СОБРАНИЕТО - во “шарената револуција“ против ВМРО ДПМНЕ, а исто така и советник на СЈО и Катица Јанева, компромитирана и корумпирана парауставна институција каде била активно ангажирана. Тоа и е дамка на легитимитеот која упатува на пристрасност и политички став контра актуелната власт. Не можете денес да бидете во штабот на окупаторот а утре на функција кај ослободителот.

Да, метафората е таа. СЈО беше окупатор на правниот систем. Надвор од Уставот, со примена на докази без вештачење и без пристап на обвинетите до доказите, стотина прес конференции со кршење презумција на невиност и навреди за осомничени, обвинетите, нивните адвокати, навреди врз судии кои не ги спроведуваат нивните намери. Сузана Јошевска Анастасовка беше советник во СЈО, дел од штабот на тој окупатор на правниот, а оттаму и на државниот систем.

Сузана Јошевска Анастасовска е адвокат, предложена во Судскиот совет од претседателката Гордана Сиљаносвка Давкова што, при наведените околности, е изненадување и неморал само по себе. Но, за тоа повеќе во друга прилика.

Патем, не е точно дека Судскиот совет нема што да расправа за одлуката на судијата за куќен пртвор предложен од обвинителот. Точно е дека судијата не може да изрече построга казна но, судијата може да оцени дали доказите на обвинителот за барање на измена на мерката пртивор во мерка куќен притвор се валидни, а не се валидни! Тоа не е сторено од страна на судијата. 

По изјавата на Фејсбук од спомнатата С.Ј.А се јави и претседателот на Советот на јавни обвинители Башким Бесими, избран за член на Советот од 2024-та непосредно пред изборите во мај од нивната гостиварска база, во времето на СДСМ и ДУИ, кој за забелешката на министерот Игор Филков на прашањето ќе расправа ли Советот на обвинителите за овој преседан, изјави:

Советот може да расправа, но сепак има виш јавен обвинител, кој работи на конкретни предмети и додаде дека тие работат само по жалби.

– Слушав од медумите за прозивките, но ингеренциите на Судскиот совет и на Советот на јавните обвинители се поинакви. Значи, ние можеме да расправаме, но за тоа одлучуваат републичкиот и вишиот обвинител, значи таму има хиерархија – рече тој.

На новинарско прашање колку е честа праксата на обвинителите да одредуваат мерка куќен притвор за лице што се бара со меѓуанродна потерница и дали тоа не се коси со одредени правила и норми, Бесими одговори дека тоа е став на Обвинителството кое ја донело одлуката и тој како претседател на Советот не може да каже ништо во однос на тоа.

Последиците ги видовме уште денеска.

Газдата на дискотеката која изгоре во Кочани, преку својот адвокат, побара куќен притвор за својот клиент затоа што и тој “се чувствува загрозен и несигурен во затворот“. Ако може за Артан Груби, зошто не би можело и за него да се одлучи на ист начин?

За појаснување на јавноста, обвинителот употребил трик за да добие алиби за својата одлука која е исклучок во праксата и правото за вакви случаи како на Артан Груби.

Имено, затворите и затворениците се исклучиво под надлежност и одговорност за Управата за извршувањевсанкции. Таа управа одговара за состојбата, сигурноста и здравјето на секој затвореник. Само таа, и никој друг. И само таа Управа може да даде мислење и став дали за некој затвореник постои закана за неговото здравје или живот. Но, обвинителот Даниел Коцев не побарал мислење од Управата за безбедноста на Груби.

Полицијата, а особено АНБ, нема ама баш никакви ингеренции по тоа прашање. Дури нема право ни на пристап до затворениците ако за тоа не добие барање или одобрение од обвинител, судија што определил затворска мерка или Управата за санкции.

Обвинителот Коцев и судијата секако го знаеле ова. Но, обвинителот не побарал мислење од затворот во Шутка, напротив директорот на затворот Утковски изјави дека безбедноста му е загарнатирана.

Обвинителот Даниел Коцев побарал мислење од МВР и АНБ кои, логично, не можат да гарантираат никому безбедност додека е тој во затвор затоа што, пред се, тоа не е нивна надлежност ниту работа и тоа го кажале - не можат да гарантираат безбедност - ниту на Артан Груби ниту на било кој друг додека е во притвор/затвор.

Обвинителот Коцев ова го квалификува како доказ и се повикува дека има основ за куќен притвор затоа што МВР и АНБ не му гарантиораат безбедност на Артан Груби. Трик кој, пар екселанс, темелно е причина за расправа во Советот на јавни обвинители и постапка за негово разрешување поради јасна манипулација во постапката.

Членот на судските совет Сузана Јошевска Анастасовска која така агресивно преку Фејсбук полемизира со свои колеги од Советот, во случајов министерот за правда Филков, доаѓа од СЈО и врши контаминација на Судскиот совет со познатата агресивност и јавно таргетитање познати од СЈО. Но, знамеме како заврши СЈО, а знаеме и како и за кого работи мнозинството од сегашниот Судски совет, и затоа се без доверба во јавноста.

Не треба да бидеш Едисон за да видиш дека сијалицата прегорела. Тоа се гледа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk