logo
logo
logo

Левица и СДСМ ја кочат реформата поради која зависат 4 милиони евра - НАМЕСТО ЕСТРАДА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, ДАЈТЕ ПРЕДЛОГ

Vecer | 08.07.2026

Левица и СДСМ ја кочат реформата поради која зависат 4 милиони евра - НАМЕСТО ЕСТРАДА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, ДАЈТЕ ПРЕДЛОГ

„Работевме посветено неколку месеци на Изборниот законик сите пратенички групи и усогласивме текст. Тој текст беше потпишан од сите партии освен од Левица која се изјасни дека се согласува со содржината на текстот, но не сакаа да се потпишат на предлогот“.

Вака објасни денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со Изборниот законик при средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос.

– Ова што се случува деновиве е политичка гимнастика.Суштината и вистината е оваа: Тогаш се појави втората партија СДСМ која рече ако тие така се однесуваат и ние така ќе се однесуваме и си најдоа причина зошто да биде така. И едните и другите се обидуваат од ова да направат естрада.

Тој потсети дека на вчерашната координација во Собранието, ставот бил јасен – опозицијата да усогласи и да достави текст, кој потоа ќе биде прифатен.

– Нашиот став беше јасен – договорете се вие во опозицијата, направете текст и тоа што ќе се договорите ние ќе го прифатиме. Тоа е нашата позиција. И денеска од оваа прес-конференција ја испраќам истата порака – договорете се, дајте ни текст и ние ќе го прифатиме, нормално, со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијапсората. Еве, како тие ќе кажат, така ние ќе прифатиме. Само нека се усогласат. До денеска немаме усогласен текст, времето си поминува, ќе дојде средина на јули, би било штета да ги изгубиме тие средства, нешто повеќе од четири милиони евра. Зошто да ги изгубиме и да не бидеме стопроцентно комплетни за сите реформи што требаше да ги испорачаме до крајот на јуни. Еве, сега велиме, имаме мала екстензија до средината на јули – подвлече Мицкоски.

Комесарката за проширување Марта Кос на денешната средба со премиерот Мицкоски истакна дека Изборниот законик ќе биде усвоен и оти тоа на земјата ќе ѝ донесе дополнителни четири милиони евра. Таа истакна оти Македонија знае како да испорача резултатии и напредува во реформите според планот на раст.

 Планот на раст е нов начин со кој ЕУ се ангажира со земјите кандидати. Ова не е милосрдие. Ние можеме да даваме заеми и грантови. Овој изборен законик е над 4 милиони евра. За мене ова се многу пари. Тоа не е само да се штиклира туку да се направи нешто добро за луѓето и земјата. Охрабрени сме и среќни во Брисел што Македонија што нашрави скок на првите позиции кога станува збор за исполнувањето на реформите. Ова покажува дека таму каде што има политичка волја владата може да испорача‘. 750 милиони се за земјата и ќе ги добие отако ќе ги испорача рееформите и тие пари може да ги искористи за граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk